Филипче: Не планирам да поднесам оставка, има огромен број на луѓе до кои допираат нашите пораки

Резултатот не е посакуван, но не е лош затоа што некаде имаме зголемување во бројот на гласови во споредба со ланската година. Започна консолидацијата, изјави денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција за резултатите на партијата на локалните избори.

Според Филипче, резултатот не е лош затоа што, како што вели, поради бројот на општини во кои победиле во првиот круг и поради дополнителниот број на општини во кои влегуваат во вториот круг. Како што вели тој, тоа е близу дваесетина општини.

Мислам дека бев многу јасен кога кажав како стоиме во тие општини. Лани наследивме една состојба во рамките на општините, сега ги пратиме трендовите, но има сериозно зголемување на бројот на гласови во некои општини. Некаде 20% во Охрид, Богданци, Демир Капија, Валандово, Дојран, Зрновци…Тоа се општини каде што имаме оваа година многу повеќе гласови од лани, кажа Филипче од седиштето на неговата партија.

Запрашан дали планира да поднесе сставка, Филипче рече дека не планира туку сака да продолжи да работи на консолидација на партијата.

-Има огромен број на луѓе кај кои што допираат нашите пораки и навистина ова е еден почеток, додаде претседателот на СДСМ.

Back to top button
Close