ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од Филипче поради резултатите од изборите

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „СДСМ во главниот град отиде до таму да не може да влезе ниту во втор круг“.
-Во главниот град Скопје се дури четврти, пред нив трети се дури и Влен. СДС предводена од Венко Филипче го изгуби во прв круг и бастионот Струмица. ВМРО-ДПМНE пак ја освои Струмица во прв круг. Граѓаните и во бастионот на СДС јасно им кажаа не за нивните политики. Венко Филипче ни помалку ни повеќе ја направи СДСМ трета партија, по општини гледано некаде и четврта, порачаа од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не успеа да го заземе второто место, односно или се трето, а некаде дури и на четврто место.
-Таков е случајот во следните општини Битола, Брвеница, Бутел, Дебарца, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Брод, Могила, Долнени, Куманово, Шуто Оризари, Скопје. Резултатите од првиот круг избори јасно покажуваат дека СДС предводена од Венко Филипче заедно со неговиот струмички гуру Зоран Заев покажаа целосна безидејност, немање на никакви проекти, односно ништо не им понудија на граѓаните со што се потврди нивната грижа само за нив лично, рекоа од партијата на Христијан Мицкоски, додаввајќи дека единствениот добар и користен потег што може да го направи Филипче за народот и за самата СДСМ е да си поднесе оставка.