Дизелот поевтинува од полноќ – ова се новите цени на горивата

Цената на бензините останува непроменета, додека дизелот поевтинува, објави Регулаторната комисија за енергетија.
Цената на ЕУРОСУПЕР 95 изнесува 73 денари по литар, додека на ЕУРОСУПЕР 98+ 75 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува од вечерва на полноќ за 1 денар, и од утре ќе се продава по 67 денари за литар.
За 1 денар се намалува и цената на екстралесното масло за домаќинство од 67,5, од утре ќе се продава по цена од 66,5 денари. Цената на мазутот исто така паѓа за 0,6 денари и ќе се продава од утре за 36 денари по килограм.