ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори

„Историската победа во 33 општини во првиот круг е потврда за чесната работа и посветеност, реализирани проекти изминатата година и половина од Владата, така и од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ изминатите 4 години.

ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори. Со 50% подобар резултат од 2021 година каде што имавме 22 градоначалници во прв круг, сега во прв круг доби градоначалници во 33“ – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Од партијата велат „На овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ победи и во бастионот на СДС – Струмица, каде со победата во прв круг, струмичани им кажаа збогум на лошите локални политики на Заев и неговите марионети. Делчево, Берово и Старо Нагоричане се општини каде што локалната власт ја водеше СДС и каде што граѓаните, кадрите на дуото Заев-Филипче ги испратија во „пензија”. ВМРО-ДПМНЕ овие избори доби околу 325.000 гласови за градоначалници, а на советничките листи приближно до 302.000 гласови. Споредбено со 2021 година и локалните избори, очигледен е растот на гласовите“.

„Со освоени 550 советнички места во општинските совети, а од друга страна СДС има 230 советнички места, или 2,5 пати помалку. Историскиот резултат од овие избори, покажува дека граѓаните го направија вистинскиот избор за секое, маало, за секоја општина, за државата да продолжи да се движи напред“ велат од ВМРО-ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close