Вестбрук ќе го пропушти и петтиот натпревар од серијата со Оклахома

Кошаркарот на Хјустон, Расел Вестбрук ќе го пропушти петтиот натпревар од првото коло од плеј-офот со Оклахома, објави инсајдерот Марк Штајн. Моменталниот резултат е 2-2 во серијата прв до четири победи.

Вестбрук продолжува да закрепнува од повредата на десниот бутен мускул поради која не  играше на ниту еден натпревар во плејофот.

Во регуларната сезона, поранешниот МВП во лигата, во просек имаше 27,2 поени, 7,9 скокови и 7,0 асистенции во просек за 35,9 минути по натпревар.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close