Нашиот Златко и виенската “Златната дворана”: не е Злат(к)о, се што сјае!?

На (не)културен план, изминатава седмица, ни исфрли две “гачки” за кои, и од кои, да не знаеш “дал да плачеш, ил, да се смееш!? Нивниот лик не ни кажува”!!!

Првата ни ја приреди Златко Ориѓански, што туку вратен од културната дипломатија, или, мисијата за култура, која, тој требаше да ја шири по белиот свет, во конкретнит случај во Тирана, каде го водеше Културно информативниот центар.

Втората “гачка” ни дојде од Велес, единствената поголема урбана средина во Македонија, на која, до осамостојувањето од титовата Југа, му беше придодадено името на Маршалот.

Кога веќе е бал, тогаш, нека биде и маскембал!

Токму тука, во градот на Рацин и Гемиџиите, во срцето на Македонија, српската “певаљка” Цеца, аркановата вдовица, силиконите ги покри со бугарската тробојка на очиглед на целата македонска јавност.

Бесполезно е сега да го трошиме времето на дебата, дали тоа го направила со знаење или не, дали и било подметнато, или не, кој и зошто и го подметнал? Во прашање е јавен настан, за сите случувања организаторите требало да си ги отворат “сите четири”, навреме и предвреме.

Од друга страна, нема место за дебата за “гачката” на Златко Ориѓански со “Златната дворана” во Виена и настапот на Македонската филхармонија. Тоа е за секаква осуда, не само јавна, туку, Филхармониојата, како институција, може и треба да побара правна рехабилитација.

Со кое право, јавна личност, уште и од културното миље, личност која безмилосно цицала од државниот буџет, си зема право да става на потсмев една национална, државна институција?

Македонската филхармонија, со моментумот на формирањето (ноември 1944 година, 11 дена по ослободувањето на Скопје), е еден од белезите на македонската државност. Мајтапењето со таа институција е мајтапење со гигантите на класиката и современото творештво, почнувајќи од Скаловдски и Прокопиев, па се до денес.

Поигрувањето, омаловажувањето на Филхармонијата, од страна на човек кој се експонирал токму во мјузичката уметност, бездруго, дека е ерес.

За нас од Охрид, верувам и за сите во Македонија и надвор, навреда е, преку Филхармонијата, да се омаловажува и фестиваслот “Охридско лето”, нашиот прозорец кон музичкиот свет и на светот кон нас. Со самкиот факт што токму Македонската филхармонија е препознатлив белег на фестивалот.

Во најдобрите години, врвните светски изведувачи, на секој концерт во Света Софија, исполнуваа, на крајот дело од македонски композитор.

Децении наназад, се до ова лето. Филхармонијата го отвори Летото, заедно со Аутвотер од Сан Франциско, шеф диригентот на Музичкиот конзерваториум од Сан Франциско. Би дошол ли диригентот од Њујоршката филхармонија, односно Кралската филхармонија од Лондон, да диригира во Охрид со музички состав недостоен за вкусот на еден Ориѓански.

Секако, уште старите латини кажале дека за вкусови не се дискутира (De Gustibus Non Disputantum), но ова нее прашање на вкус, ова е прашање на восптание, припадност и неприпадност кон една национална култура!

Македонија беше Европа уште пред самата Европа. Додуша не во класичната музика, ама беше. Да речеме во фрескоживописот. Слушнал ли овој “културњак!” за Курбиново!? За Охрид и Универзитетот на Свети климент!? За кој слушаа одовде до Владивосток.

Или, пак премудриот и префинетиот музички сладовкуцец Златко, мисли дека е сеуште е во Тирана каде неговиот Културно информативен центар (КИЦ), му беше сместен, буквално, во “букет” кафеанските биртии, неговата вистиска творечка и животна средина.

Од таму, ли, нам ни се обраќа со “вие од Македонија!”, кои “сме во заблуда што одиме (во Виена) да им покажеме како се свири класична музика на оние што ја измислиле!”, “или во Рим пази богати, вие од Македонија ќе им покажете оперско пеење!” “Абе крстете се во Џамбо Агушеви, тоа сте вие!”, ни порачува Златко, а тој не е “ние”, тој е некој Марсоец!!!

Што остана забележано и запаметено, како настан од неговата културна дипломатија во Тирана? Освен фактот дека Заев и бутик – министерката од Широк Сокак, му распослаа буџет поголем од амбасадата во Тирана, стан во најелитниот дел од градот, во комшилукот на министрите од Кабинетот на Еди Рама.

Но, тоа не беше ‘причина од љубомора ‘, за неговиот третман од страна на нашето дипломатско претставиштво, за кои беше ‘персона нон грата‘ од самиот почеток, а за што и официјално беше информиран гогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи.

Кој ќе не вреднува, ако самите се омаловажуваме?

За него и за сите како него, ќе споделам едно сеќавање од помладките новинарски години.

Некаде во осумдесеттите, во својство на дкиректор на Радио Охрид, по барање на тогашниот републички секретар за информации, колегата Тихомир Илиевски, една седмица, му бев домаќин на, тогаш, првото перо на белгарска ‘Политика ‘, сеуштe, онаа на браќата Рибникар, доаенот на југословенското новинарство, Предраг Милоевиќ.

Сосема кратко, тоа е новинарот кој директно известуваше од судскиот процес против Георги Димитров, пред втората светска војна, генерален секретар на Коминтерната во Москва,до распуштањето во 1943, по војната, две години прв премиер на Бугарија.

За бугарската историографија, тој е “предавник на бугарските интереси”, поради промакедонски ставови, а и самиот Македонец по потекло. Подоцнежните влаасти во Софија, со динамит му го срушија Мавзолејот, дури во вториот, или третиот обид – поради цврстината на градбата.

А колку бил цврст и храбар човек и одважен Македонец, Предраг Милоевиќ, напишал во новинскиот извештај од Лајпциг, подоцна објавен во брилијантната неговас книгa “О људима и ќудима”

Бескруполозниот Геринг во еден момент, го навредил и како Словен.

-Да, така е, одговорил Димитров пред фашистичкиот прек суд и додал: “кога ние Словените имавме јазик, култура и писменост, вие Германците, на својот мајчион јазик говоревте само со коњите во шталите, затоа што ви беше нобл, јавно, да говорите на француски јазик!

Беше обвинет, за наводно палење на Рајстагот во Германија, 1934.

 

Веле Митаноски

 

Back to top button
Close