Ле Риголер: Извештајот од ЕК е вистинско охрабрување за земјата да продолжи со реформите во одредени сектори

Извештајот на Европската Комисија за Република Северна Македонија е вистинско охрабрување за продолжување на спроведување на реформите во одредени сектори, истакна денеска во Штип амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, кој на новинарско прашање даде коментар за овој Извештај. Тој посочи дека Извештајот сам по себе е интересен, затоа е многу детален и комплетен.

-Многу урамнотежен, со многу позитивни елементи и со помалку позитивни елементи. Но, исто така претставува охрабрување, за да се продолжи на патот на реформите и со посебен акцент што е ставен на зајакнување на владеењето на правото, независно судство и борба против корупцијата – теми коишто се важни во сите наши општества. Извештај кој од таа гледна точка е многу корисен и навистина ги одразува приоритетите во нашата соработка, затоа што Франција тесно соработува во тие сектори зајакнување на администрацијата, независност во судството. Да резеимирам, ќе кажам дека е вистинско охрабрување за продолжување на спроведувањето на реформите во одредени сектори. Токму тоа го правиме, вели Ле Риголер.

Амбасадорот на Република Франција Ле Риголер и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска во Штип беа дел од настанот од програмата на Balkan News Truck.

Back to top button
Close