АНАЛИЗА: Економијата со “розови“ очила и без нив, оценки на ЕК v.s оценки на Влада и на економисти

Европската комисија “хируршки” прецизно ги секцираше слабостите на економијата во сите сегменти, нотирајќи слабости во јавните финансии. Владата не препознава слабости, економските експерти на “линија” со ЕК – предупредуваат на фискалните ризици.

Ист извештај – различна диоптрија со која се чита и оценува ..

“Ограничен ” економски напредок , под ризик од инфлација, со бавна фискална консолидација, продлабочен буџетски дефицит, висока Јавен долг и недоволна реализација на капиталните расходи. Прецизни и таргетирани забелешки адресираше Брисел до Владата пишува Порталб. Се нотира дури и недоволната транспарентност на јавните финансии и ниската стапка реализација на Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии.

Во целокупниот Извештај премиерот Христијан Мицковски не препозна оценки за назадување а конкретно во економскиот дел според него имаме и охрабрување.

“Во Извештајот се нотира дека во некои области постои одреден или ограничен напредок. Конкретно нема области со назадување а во четири поглавја е забележан добар напредок. Во едно поглавје, Слободно движење на капиталот дури е зголемено нивото на подготовка благодарение на приклучувањето кон СЕПА и спроведувањето на мерките против перење пари и финансирање на тероризам. Комисијата ги поздравува чекорите направени во економијата” – изјави премиерот Мицковски.

Европската комисија “хируршки ” прецизно ги нотираше економските позиции на државата и речиси и да нема економски сегмент , особено во делот на јавните финансии, за кој немаме забелешки. Еве кои се клучните :

Јавен долг : Иако учеството на надворешниот долг во јавниот долг се намалува во последните пет години (-5,7 процентни поени), тој останува висок, на 55,6%.

Финансиски и буџетски одредби : Подготовките во рамките на ова поглавје се во рана фаза. Во текот на извештајниот период е постигнат ограничен напредок. Националните сметки и пресметките на БДП треба дополнително да се усогласат со законодавството на ЕУ.

 

Управување со јавни финансии: Стапката на имплементација на Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии (PFMRP) 2022-2025 остана релативно ниска. Министерството за финансии продолжува да се соочува со предизвици во однос на институционалниот капацитет, особено во привлекувањето и задржувањето на персонал со соодветни вештини и квалификации.Буџетски дефицит и фискална консолидација : Буџетот за 2025 година не е во согласност со новото правило за дефицит, чија примена е одложена за 2027 година, една година подоцна од првично планираното. Владата не иницираше никакви мерки за елиминирање на даночните ослободувања. Сè уште не го усвоила нацрт-законот за јавно-приватни партнерства”

Кредибилитет на буџет: има подобрување благодарение на оперативноста на Фискалниот совет и подобреното следење на фискалните ризици. Сепак, сè уште има отстапувања во макрофискалното предвидување. Врската помеѓу стратешките приоритети и буџетските програми треба дополнително да се зајакне.

Плати и пензии: Платите во јавниот сектор беа зголемени во текот на годината над првично предвидените средства во буџетот, а пензиите беа зголемени во септември 2024 година и повторно во март 2025 година, на линеарен начин, а не преку индексација.

Сива економија : „Неформалната економија останува значителна и бара координирана реакција на институциите, особено во инспекциските служби и фискалните органи”, се наведува во извештајот.

Капитални расходи : Извршувањето на планираните капитални расходи продолжува да страда од слабо справување со јавните инвестиции. Напорите за формализација на неформалната економија се заглавени

Инфлација: Експанзивните фискални политики го намалија фискалниот простор и ризикуваат зголемување на домашните ценовни притисоци, а преку привремените ценовни ограничувања за клучните категории на храна и ограничувањата на профитните маржи на трговците на мало, владата придонесе за нестабилноста на инфлацијата.

Транспарентност: Министерството за финансии продолжи со напорите за подобрување на транспарентноста на буџетот со објавување на квартални податоци за приходите и расходите на јавните институции, локалните самоуправи и државните претпријатија. Сепак, транспарентноста на буџетот во Северна Македонија останува ограничена.

Според Европската комисија препораките што беа адресирани лани не се во целост спроведени и затоа остануваат во голема мера валидни – чекаат исполнување.

„Во наредната година, РСМ треба особено да го усвои преостанатото законодавство за спроведување на органскиот закон за буџет и да обезбеди усогласеност со фискалните правила, вклучително и со усвојување дополнителни мерки за зголемување на приходите и контрола на тековните трошоци… ” – ни порачаа меѓу другото од Брисел .

 

Економистите од “Фајнас -тинк” поентираат дека забелешките и препораките се оправдани.

“Извештајот дава реалистична слика за продолженото отсуство на напредок на повеќе критички реформски точки за македонската економија. Без имплементација на фискални правила, растот на тековните трошоци останува ненадгледуван. Шема на буџетско планирање и прекројување ( зголемување на трошоците за плати и пензии а намалување на капиталните расходи) во текот на годината да се напушти” – се посочува во оценката на “Фајнанс тинк

Back to top button
Close