Димитриеска Кочоска: Владата на Заев е одговорна за аферата Еуростандард тешка 200 милиони евра, што струмички градежни компании се богателе со кредити без покритие од банката

 

Почитувани,

Имаме апсолутен молк од власта и очигледна намера да се сокрие аферата Еуростандард банка тешка 200 милиони евра.

Владата бега од темата на кои компании блиски до власта им биле делени кредити без покритие.

Нашите сомнежи говорат дека кредити без покритие биле делени на компании уште пред 3 години. Тие кредити биле давани на компании кои биле основачи на други компании и тоа без прецизни и издржани планови за отплата. Кредитите биле наменети за изградба на згради и станови. Тие кредити се давани и на повеќе струмички компании блиски до власта, без соодветни хипотеки. Кога е направена ревизија и активирани хипотеките тие компании свесно се однесени во стечај што создава голема криза кај банката.

Оттука се поставува прашањето што правеле државните институции задолжени за контрола на банката? Освен министерката за финансии кои други луѓе од власта пред време ги извадиле парите од банката?

Владата на Заев е одговорна за аферата Еуростандард тешка 200 милиони евра, што струмички компании се богателе со кредити без покритие од банката, што денес имаме 100 илјади блокирани сметки, бизниси кои стојат, дваесетина илјади неисплатени пензии, и стотина нови невработени.

За 5 месеци имаме скоро 40 илјади нови невработени лица. Тоа значи крах и фијаско економија.

Новинарско прашање:Како ја оценувате економската програма на СДСМ?

Одговор на новинарско прашање: Од она што утрово на кратко можев да го видам бидејќи колку што имам информации, синоќа доцна била доставена програмата, можам да забележам дека се што е ставено во програмата се однесува на некој иден период 2022-2023 година и ќе кажам многу несериозно од една влада која што треба да функционира односно да продолжи да функционира бидејќи тоа ќе биде нели иста влада промена нема да имаме. Тие многу добро знаат каква е во моментот ситуацијата во економијата и здравствена криза. Знаат дека нема да имаме брзо опоравување и очекував нешто повеќе да има на темата економија во овој период до крајот на годината. Имено најмногу сум загрижена и ние како ВМРО-ДПМНЕ во претходните денови направивме анализи на реализација на буџетот заклучно со јули месец и од она што може да се констатира е дека во ребалансот тие предвидоа 3,4% проценти намалување на буџетските приходи во однос на минатата година, но реалноста е дека заклучно со јули месец значи јануари-јули ние имаме намалување на приходите за 8% во однос на минатата година. Тоа значи дека од месец август до месец декември државата треба да направи вкупни приходи од 91 милијарда денари, а за споредба минатата година за истиот период сме имале 90 милијарди денари, значи не само што треба да бидеме на исто ниво како минатата година, туку треба да оствариме уште една милијарда повеќе. Сега нека ми каже власта и нека одговори бидејќи се уште нели тие се во Управата за јавни приходи прво каква е состојбата со месец август затоа што ние имаме сознанија дека и во месец август приходите повторно паѓаат што значи дека овие 91 милијарда се нереални, нема да се остварат и проекциите покажуваат помеѓу 150 до 200 милиони евра годинава ќе имаме помалку остварени приходи во однос на она што беше планирано со ребалансот. Мене ме интересира да видам Владата каков план има по однос на ова прашање, а не што ќе се случува во 2022-2023 година. Имаме компании во државава кој што треба да го пребродат периодот на криза. Прашањето е како тие ќе преживеат сега, за 2022 ќе разговараме понатаму, прво да одговорат што ќе планираат до крајот на годината по однос на приходите, по однос на мерките за стопанството, гледаме секој ден што се случува, гледаме бројот на невработени лица како расте значи тоа е резултат на проблемите со одредени компании како резултат на здравствената криза. Да видиме повторно ќе кажам нека одговорат во тој дел и се разбира да одговорат зошто ја надминуваат кризава со непродуктивно трошење. Зошто го велам тоа? Повторно со јули кога ќе погледнете да ги видите капиталните расходи тие се поголеми во однос на минатата година за некаде 15 милиони евра ама буџетскиот дефицит е 520 милиони евра. Како размислуваат да ја надминат кризата со непродуктивни трошења и капиталните расходи вака да се влечкаат како на желка. Така да повторно ќе речам ќе ја погледнеме во идниот период подетално штом ја добиеме но не би се фокусирала на две години однапред кога во моментот кај нас имаме сериозна криза и врз основа на која што се погодени многу компании и многу лица ќе останат без работа. Ова е почеток само.

Новинарско прашање: Со оглед на тоа дека бизнисот отвора нов пакет мерки, има ли доволно пари за да им се помогне на стопанството и дали се спрема нов ребаланс кога ќе седне на ова место новиот министер за финансии? Дали очекувате прво што ќе направи е да биде новиот ребаланс?

Одговор на новинарско прашање: Јас верувам дека ребаланс ќе направи новиот министер за финансии веднаш штом ќе седне на столчето ајде така да кажеме, од која причина затоа што гледаме дека 150- 200 милиони евра ќе фалат и тој мора соодветно на тоа да ги подеси и трошоците не може да троши повеќе од тоа што е планирано.

Во однос на она што го зборуваме за стопанството од овој аспект гледајќи ги бројките и ако не се скратат непродуктивните трошења но притоа ако го погледнеме буџетот ние ќе видиме сега дека тие непродуктивни трошења кои што требаше да бидат скратени не ги скратија и тие се реализираа со динамика како да имаме иста реализација на приходите, а приходите уствари заостануваа. И сега не знам каде тие би скратиле за да можат да остават пакет мерки за стопанството. Да не заборавиме уште една работа ако го погледнете ребалансот ќе видете дека на крајот на годината беа планирани депозити да останат околу 320 милиони евра но беше предвидена еврообврзницата во 800 милиони евра како што првично нели потпишавме заедно со министерката за финансии. За жал на крај земаа 100 милиони евра помалку што значи дека депозитите се предвидени веќе на ниво од 220 милиони евра, а не 320 и ако велам дека помеѓу 150 и 200 милиони евра ќе имаме намалени приходи ситуацијата е алармантна, тука не се предвидени нови мерки за стопанството. И ако не се направи ребаланс нема да може ни ова да го исфинансираат.

Новинарско прашање: Очекувате нова еврообврзница до крајот на година со оглед на тоа дека нема пари?

Одговор на новинарско прашање: Во овие услови искрено па видете они ќе мора да посегнат по некакво финансирање дополнително затоа што ќе не може да се издржи не верувам дека ќе успеат со еврообврзница до крај на годината. Ние сме мала земја отворена економија, нестабилна и до крајот на годината уште една еврообврзница мислам дека како да кажам, народски е крупен залак за државата и дека тоа нема да се оствари. Но, она што ме загрижува е што еден голем сериозен дел од компаниите ќе почнат да се префрлаат, со да го префрлаат својот терет на државата. Значи имавме сознание дека дел од државните фирми кои што не можат де ги исплатат своите кредити веќе бараат од министерството за финансии тоа да ги сервисира. Е сега тие не се планирани како трошоци во буџетот, тоа дополнително ќе ја оптовари целата ситуација. Министерот за финансии ќе одлучува што понатаму меѓутоа не очекувам дека до 31.12 ќе успее воопшто да се земе било каква нова еврообврзница.

Ви благодарам на вниманието.

 

__________________________________________________________

Back to top button
Close