Може ли Европа да го спаси замрзнатиот руски имот од Трамп?

Трамп фрли око на замрзнатите руски милијарди, но Европејците порачуваат дека само тие имаат право да одлучат што ќе биде со парите во Европа. Експерти советуваат што е можно побрзо на Украина да ѝ се одобрат кредити.

President Trump signed an executive order related to the oil pipeline industry in the Oval Office on January 24.

 

Европејците се бесни поради предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп, милијарди од руските средства замрзнати во европските земји да бидат употребени во корист на американската влада и фирми.

 

Европска тревога по предлогот на Трамп за руски средства

По предлогот на Трамп за прекин на војната во Украина – кој подразбира дека Украина ќе предаде дел од територијата и ќе ги намали своите вооружени сили – Европејците побрзаа да ја поправат штетата и излегоа со свој предлог.

„Секој ден нешто се менува“, рече државниот секретар Марко Рубио по состанокот со Европејците во Женева. Но, останува нејасно дали ќе успеат да ја задржат контролата врз тоа како се трошат замрзнатите средства на Русија.

Агат Демара, виш истражувач по геоекономија во Европскиот совет за надворешни односи вели дека руските милијарди изгледа се клучната мотивација на Трамп за притисок за договор.

„Трамп е исклучително заинтересиран да ги добие тие милијарди“, рече таа за ДВ.

Каде се наоѓаат замрзнатите руски милијарди во Европа?

Кога Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година, речиси 300 милијарди евра од нејзиниот капитал беа надвор од Русија и потоа беа замрзнати со западните санкции. Тука се вклучени пари на банкарски сметки, хартии од вредност, недвижности и јахти. Иако многу земји – вклучувајќи ги САД, Канада, Велика Британија и Јапонија – имаат дел од овој имот, најголемиот дел се наоѓа во државите на ЕУ, пред сѐ во Белгија.

Евроклир, финансиски депозитар со седиште во Брисел, држи околу 180 милијарди евра замрзнати руски средства.

Од почетокот на војната, Европејците расправаат дали и како да го користат рускиот имот за да ја натераат Русија да плати за војната што ја започна. Последната таква расправа се одржа во октомври, кога Белгија стави вето на „кредитот за репарација“ што ЕУ сака да ѝ го понуди на Украина за обнова на земјата.

Белгија стравува од правни проблеми и од тоа дека еден ден ќе биде таа од која Русија ќе ги бара своите пари назад. Затоа одбива да се согласи и бара одговорноста да се сподели со други земји.

ЕУ се надеваше дека ќе ги смири грижите на Белгија и ќе ја придобие на самитот кон средината на декември. Но, предлогот на Трамп го расипа планот и наместо тоа понуди она што Демара го опишува како предлог за „конфискација на рускиот имот што лежи во Европа“.

 

Планот на Трамп: 86 милијарди евра за американски интереси? 

Според предлогот на Трамп од 28 точки, како што пренесуваат разни медиуми, 100 милијарди долари (86 милијарди евра) замрзнати руски средства ќе бидат инвестирани во „напори предводени од САД за обнова и инвестиции во Украина“.

Или, како што вели Демара, Трамп сака да ги земе првите 86 милијарди евра руски средства замрзнати во Европа и да ги користи на начин од кој што ќе профитираат и американската влада и американските компании.

Во планот стои и дека Европа ќе додаде ист износ за да го зголеми влогот во обновата на Украина. Парите што Трамп сака Европа да ги придонесе нема да бидат од замрзнатите руски средства, туку „од џебовите на европските даночни обврзници“, вели Демара.

Според неа, повеќе од 200 милијарди евра од преостанатите замрзнати средства би се вложиле во заеднички американско-руски инвестициски фонд, „за да се создаде силен поттик за да не се врати конфликтот“.

„Од овој план би профитирале три чинители – американските компании, американската влада и Русија“, посочува Демара.

Европски контрапредлог: Средствата да останат замрзнати до руските репарации

Предлогот на европските сили – Германија, Франција и Велика Британија – повикува на користење руски средства за обнова на Украина. Според планот, руските средства замрзнати во Европа „ќе останат замрзнати сè додека Русија не ја надомести штетата на Украина“.

„Ова е начин да се тргне напред, но сè уште да не се конфискуваат руски средства“, вели за ДВ Филип Беднарчик, директор на американскиот тинк-тенк Германски Маршалов фонд во Врашава.

„Сè уште сме некаде помеѓу, но секако во многу подобра позиција отколку што е предложено во планот од 28 точки на Трамп – каде и САД и Русија би имале збор за тоа каде одат средствата, без консултации со Европејците“, вели Беднарчик.

Може ли САД да ги користат руските средства во Европа во корист на американските компании?

Јана Кобзова, ко-директорка на програмата за европска безбедност, вели дека САД „држат само околу 5 милијарди долари“ замрзнати руски средства и не може да одлучуваат за средствата што се чуваат во европските земји.

„САД може да одлучуваат само за средствата под нивна јурисдикција“, вели таа.

Кобзова тврди дека Европејците мора да инсистираат на тоа „европската јавност да прифати користење на руските средства од европска територија за стабилизирање на Украина“ и да ги поддржи европските трошоци за одбрана на земјата, „но би им било многу тешко да прифатат дека овие средства едноставно ќе носат мегапрофит за американски инвеститори“.

Европските лидери јасно ставија до знаење дека се противат на планот на Трамп.

„Руските средства што се чуваат во Брисел не може да бидат исплатени на Американците, тоа е незамисливо“, вели германскиот канцелар Фридрих Мерц во ексклузивно интервју за ДВ.

Од лево кон десно на фотографијата: британскиот премиер Кир Стармер, италијанската премиерка Џорџа Мелони, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и германскиот канцелар Фридрих Мерц седнати на столици во Белата куќа во ВашингтонОд лево кон десно на фотографијата: британскиот премиер Кир Стармер, италијанската премиерка Џорџа Мелони, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и германскиот канцелар Фридрих Мерц седнати на столици во Белата куќа во Вашингтон

„Прашањата што директно ја засегаат ЕУ, како што се санкциите, проширувањето или замрзнатите средства, бараат целосно вклучување на ЕУ во донесувањето одлуки“, вели Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет.

Францускиот претседател Емануел Макрон за телевизијата РТЛ рече дека само Европејците може да одлучат што ќе се прави со руските средства што ги држат Европејците.

Експертите предупредуваат: ЕУ мора да ја придобие Белгија и да делува брзо

Беднарчик вели дека Европејците во принцип не се против соработка со САД во дефинирањето заедничка стратегија и дека со поранешниот претседател Џозеф Бајден сакале колективна одлука за постапувањето со замрзнатите средства, но дека сега веќе не го сакаат тоа.

„Динамиката се промени“, вели Беднарчик и додава дека „Трамп во многу помала мерка го уважува гласот на Европа и често ја игнорира“.

Експертите тврдат дека е време ЕУ да ја придобие Белгија и брзо да дејствува.

„Ако ЕУ заплени руски средства и ѝ одобри заеми на Украина, Трамп веќе нема да може да дојде до 300-те милијарди евра“, вели Демара.

Back to top button
Close