НБА: Јокиќ го надмина Абдул – Џабар според бројот на асистенции
Кошаркарите на Денвер го совладаа синоќа во НБА лигата Орландо со 126-115, предводени од Србинот Никола Јокиќ, кој реализираше трипл-дабл со 23 поени, 13 асистенции и 11 скокови.

Јокиќ сега изби на чело на вечната листа според асистенции во НБА меѓу центрите, надминувајќи го легендарниот Карим Абдул-Џабар.
Српскиот кошаркар има 5.667 асистенции, надминувајќи го вкупниот број на асистенции во кариерата Абдул-Џабар за седум асистенции.
Најдобар стрелец на Денвер во синоќешната победа беше Џамал Мареј со 32 поени, додека Камерон Џонсон додаде 19 поени и 11 скокови.ег






