Росоманец лишен од слобода, физички ја нападнал сопругата со која бил во бракоразводна постапка
Росоманец бил лишен од слобода, физички напад пријавила сопругата со која бил во бракоразводна постапка, информираа претпладнево од Секторот за внатрешни работи Велес.

-Синоќа во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишија од слобода 29-годишник од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во домот каде престојувала физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга со која е во бракоразводна постапка. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес.






