Мирчевски го доби Јани Бојаџи на суд за мобинг: Психички го малтретирал, му давал бесмислени работни задачи, го бркал од работа
Со правосилна судска пресуда пред некој ден се утврди дека директорот на Алфа ТВ, Јани Бојаџи подолг временски период психички го вознемирувал тогашниот извршен продуцент во телевизијата, Ненад Мирчевски, пренесе Фокус.

Целата голгота по судските лавиринти траела цели четири години, со што на крај Мирчевски ја издвојувал победата, со што се докажува само еден школски пример на мобинг.
Неговата адвокатка Маја Ристова сподели дека е постигната голема победа.
„Со правосилна судска пресуда се утврди дека Јани Бојаџи, како директор на Алфа ТВ, во подолг временски период психички го вознемирувал мојот клиент Ненад Мирчевски, вработен како извршен продуцент. Оваа пресуда е јасна потврда дека гласот на поединецот има моќ да донесе промена и дека истрајноста, и покрај долгиот и тежок пат, на крај дава резултати“, истакна Ристова.
Според пресудата со која располага „Фокус“, на 9 февруари, 2021 година од страна на поранешниот извршен продуцент Мирчевски преку својот полномошник била поведена судска постапка за психичко вознемирување на работното место.
Од тоа што може да се забележи е дека Бојаџи му давал бесмислени работни задачи, психички го малтретирал, изолирал, му предизвикал чувство на страв, професионално и кариерно го деградирал, со што период од една година му вршел класичен мобинг на Мирчевски на неговото работно место.
…






