Банкарски работник од Битола менувал лимити на картичките на него и на фамилијата – овозможил да ќарат над 10.000 евра
Банкарски работник од Битола ќе одговара кривично поради злоупотреба на службената положба.

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(35) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’.
Како што се наведува во полицискиот билтен, тој, во својство на службено лице во банка во Битола, во неколку наврати вршел неовластено зголемување на лимитите на неговата кредитна картичка и специјален лимит, како и зголемување на лимитот на неговата сопруга, а извршил и незаконско зголемување на својот имот и имотот на неговите сопруга и мајка, односно за себе и за нив овозможил да се стекнат со вкупна материјална корист од 657.400 денари






