Познати учесниците на кошаркарскиот „Ол Стар“

Кошаркарската федерација на Македонија во недела 21.декември 2025 година ќе ги организира All Star натпреварите, кои повторно стануваат дел од официјалниот календар како симбол на современа, отворена и атрактивна кошарка.
Планирани се три натпревари: натпревар за македонските надежи (М20) – почеток 12 часот; женски сениорски All Star натпревар – почеток 15 часот и машки сениорски All Star натпревар – почеток 18 часот.
Во двата сениорски натпревари ќе настапат селекциите „Македонија“ – „Свет“, составени од домашни играчи и странски кошаркари кои играат во најквалитетните сениорски лиги под капата на федерацијата – „МТЕЛ“ Супер лига – мажи и „Шпаркасе Лајф“ Прва лига – жени.
Во рамките на All Star програмата, во паузите (истек на четвртините) од натпреварите, ќе се одржат и ревијалните натпревари во забивање и шутирање за три поени, како составен дел од кошаркарскиот спектакл и дополнителна можност за промоција на вештината, креативноста и атрактивноста на играта.
Во паузите меѓу натпреварите ќе се одржи и свечено доделување на признанија и награди за најдобрите поединци и колективи во сезоната 2024/25, како чин на почит и признание за квалитетот, трудот и професионализмот во македонската кошарка.
Програмата ќе биде отворена со дуелот со натпревар на најдобрите играчи во М20 лигата.
ТИМ – NEXT STEP: Дамјан Илиевски (Вибас баскет), Андреј Чадамов (Тиквеш Голден Игл), Ристе Букрлишев (Кожув), Давид Нешиќ (Феникс 2010), Дамјан Павловски (Младинец), Матеј Митревски (Вардар), Стефан Серафимовски (МЗТ Скопје Аеродром), Ѓорѓи Цветковски (Вибас баскет), Сергеј Младеновски (Вардар), Амар Грбовиќ (Феникс 2010), Дамјан Данев (Вардар), Атанасиј Трајанов (Водно санс), Христијан Ванчов (Водно санс), Дино Лазаров (Ангели), Марко Луканоски (Маџари), а како тренери се: Горан Андреевски и Милан Димитриевски.
ТИМ – NEXT GENERATION: Филип Сребров (Водно санс), Кирил Петковски (МКК Куманово), Андреј Ичев (Кожув), Григориј Ѓорѓевиќ (Вардар), Леонид Антовски (Работнички), Жарко Терзиевски (Вардар), Горазд Митев (Водно санс), Димитар Зетов (Кожув), Христијан Несторовски (Тиквеш Голден Игл), Бојан Величковски (МЗТ Скопје Аеродром), Лука Шуменковски (Младинец), Андреј Стојановски (Феникс 2010), Бојан Димитриев (Водно санс), Јордан Кузманов (Кожув), Малик Тачи (Чаир 2030) и тренери: Љупчо Илчевски и Оливер Тасков.
Според досега познатите информации ова се составите за женскиот „Ол стар“: ТИМ „МАКЕДОНИЈА“ – Цветанка Димова (Баскет кам), Ивана Кметовска (Баскет кам), Сања Адамовска (Баскет кам), Сара Максимовска (Баскет кам), Елена Тасевска (Вардар), Теа Трајковска (Вардар), Јана Пислевска (Вардар), Мартина Џангаровска (Вардар), Дора Алексова (МЗТ Бела вода), Вања Милосављевиќ (МЗТ Бела вода), Марија Николов (Бадел 1862), Ива Чолакоска (Бадел 1862), Михаела Алексовска (Крива Паланка), Глорија Груевска (Крива Паланка), Ана Ангеловска (Патриот), Сара Митановска (Спорт тим), Љиљана Георгиева (Пробаскет). Тренерската улога им е наменета на: Александар Ашаданов (Вардар), Љупчо Петровски (Патриот), Горан Крстевски (МЗТ Бела вода), Игор Шарац (Спорт тим)
ТИМ „СВЕТ“ – Кристал Корли (МЗТ Бела вода), Амари Херд (МЗТ Бела вода), Амал Хафналауи (Баскет кам), Милица Јовановиќ (Пробаскет), Кајла Томас (Пробаскет), Линдзи Клири (Бадел 1862), Аби Ниехуес (Крива Паланка), Даја Грин (Крива Паланка), Алексис Пул (Крива Паланка), Ана Лукиќ (Спорт тим), Ина Рашова (Патриот)*. Како тренери се одредени: Тони Симиќ (Баскет кам), Виктор Петровски (Крива Паланка), Атанас Димов (Пробаскет) и Дарко Димитријевиќ (Бадел 1862).
Во шутирање тројки пријавени се: Виктор Ефремовски (Работнички), Остин Четмен (Чаир 2030), Џавон Грин (Маџари), Марко Миловановиќ (Маџари), Дашон Дајсон (Феникс 2010), Ѓорѓи Зафиров (ТФТ), Славче Георгиев (Работнички), Григориј Ѓорѓевиќ (Вардар), Матеј Митревски (Вардар), Дамјан Стојановски (Вардар), Јован Георгиевски (Младинец), Иван Балов (Ангели), Марко Крајчевски (Вибас), Александар Петревски (ТФТ), Љубен Ефтимовски (Феникс 2010), Филип Сребров (Водно санс) и Ѓорѓи Георгиевски (МКК Куманово) кај мажите, додека за натпреварот кај жените пријавени се: Мила Илијевска (Крива Паланка), Антонија Тодоровска (Крива Паланка), Даја Грин (Крива Паланка), Марија Николов (Бадел 1862), Ива Чолакоска (Бадел 1862), Ива Дојчинова (Баскет кам) и Сара Максимовска (Баскет кам).
Во натпреварот во забивање пријавени се: Атанасиј Трајанов (Водно Санс), Дамјан Данев (Вардар), Жарко Терзиевски (Вардар), Калин Трајков (ТФТ), Дамјан Илиевски (Вибас), Марко Димовски (Работнички), Бојан Божиновски (Ангели), Дамјан Стојановски (Феникс 2010), Џејлин Билингсли (Чаир 2030), Рејмонд Сомервил (ТФТ) и Декариус Николас (Кожув).






