Ноќеска загина 17 годишно момче од Тимјаник

Според пријавата во ОВР Неготино, несреќата се случила на 20 декември 2025 година, околу 00:50 часот. Малолетникот управувал мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, кога од засега неутврдени причини изгубил контрола и удрил во бетонски столб.
Од здобиените повреди, возачот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Неготино.






