ВЛЕН: Проблемот со универзитетите не бил законот, туку политиката на ДУИ – имаа власт, но немаа волја

Коалицијата ВЛЕН упати остри критики кон ДУИ по потпишувањето на колективните договори со албанските високообразовни институции. Според владејачката коалиција, овој чин ја разобличил, како што велат, „долгогодишната лага“ дека законските пречки биле причината за доцнењето на договорите.
Од ВЛЕН тврдат дека потпишувањето на договорите докажува една вистина која со години се негирала – проблемот не бил ниту во законот, ниту во процедурите или институциите, туку исклучиво во политиката на ДУИ.
„Намерно оставени на чекање“
Во партиското соопштение се наведува дека албанските универзитети не останале случајно без договори во минатото.
„Ато беа намерно оставени на чекање, беа принудени да излегуваат на протести и беа третирани како второстепена тема, секогаш кога рамноправноста не им одговараше на политичките интереси на ДУИ“, велат од ВЛЕН.
Директна критика кон Талат Џафери
Коалицијата го посочи и периодот кога со институциите раководеше Талат Џафери, обвинувајќи дека во тоа време неправдата не само што не била коригирана, туку била и оправдувана.
„Во периодот кога Талат Џафери имаше институционална одговорност, оваа неправда не само што не се поправи, туку се оправдуваше и нормализираше. Тоа е факт што никој не може да го избрише“, стои во реакцијата.
Крај на политиката на „звлечење“
За ВЛЕН, симболиката на потпишувањето на колективниот договор токму на денот на годишнината на Универзитетот во Тетово, како и со Универзитетот „Мајка Тереза“, означува крај на една политика на исклучување.
„ДУИ имаше години на располагање. Имаше власт. Имаше институции, но немаше волја. Промашените политики не се рехабилитираат со конгреси ‘само за пред очи’, па затоа и нивните активисти со право прашуваат: каде е реформата?“, заклучуваат од ВЛЕН.
Извор: 4news.mk






