Докторите во сите градови да имаат иста почетна нето-плата, бара Независниот синдикат на здравствените работници
Унифициран колективен договор со кој докторите од другите градови и од Скопје ќе имаат иста почетна нето плата, запирање на дефицитот на здравствениот кадар, како и зголемување на платите на вработените од здравствениот сектор се дел од барањата за кои денеска на разговараа претставниците на Независниот синдикат на здравствените работници на средбата со министерот за здравство, Азир Алиу.

Претставниците на Независниот синдикат на здравствените работници на средба со министерот за здравство Азир Алиу / Фото: Фејсбук
„Нашето барање како синдикат е да има унифициран колективен договор со кој гинеколог од Струмица ќе зема иста почетна нето-плата со гинеколог од другите градови и од Скопје, бидејќи нето-платата на еден гинеколог е различна во Струмица и во Скопје“ изјави претседателот на Независниот синдикат на здравствените работници, Боби Бојчевски, по завршувањето на средбата со министерот Алиу.
Според него, со министерот разговарале и за можноста да се стопира дефицитот на кадарот од внатрешноста, кој доаѓа во Скопје.
„Во здравството во моментов има дефицит на здравствен медицински персонал, но и административен и технички персонал. Треба да им се реши и статусот на оние што се на договор на дело“кажа тој.
Во врска со зголемувањето на платите на вработените во здравствениот сектор, посочи дека треба да се реализираат во следните месеци.
„За жал, за вработените во здравствениот сектор, за полицијата и образованието не е усогласена минималната плата со бодот на колективните договори. Кај нас, ако дојде до зголемување на минималната плата, како што се бара, ќе се случи хигиеничар да зема поголема плата од дипломирана медицинска сестра бидејќи платите не ни се усогласени со колективните договори. Тоа е грешка на претходните синдикативели Бојчевски.
Коментирајќи ги платите на докторите, рече дека просечна плата на општ доктор е 45 илјади денари, која со дежурство стигнува до 50 илјади денари.
Најави дека и идната недела ќе имаат состанок со министерот Алиу, на кој треба да се зборува за истите барања.






