Се урива нова дивоградба во Гази Баба: Градоначалникот најавува нулта толеранција кон бесправното градење

Општина Гази Баба утрово започна акција за уривање на новоизграден бесправен објект, откако сопственикот продолжил со градежни активности и покрај издадено решение за запирање на градбата.

Акцијата е спроведена во координација со МВР и надлежна фирма за рушење, а локалната власт најавува дека нема да прави компромис со почитувањето на законот.

-НЕМА КОМПРОМИС СО ЗАКОНОТ!ОД РАНО УТРОВО СЕ РУШИ НОВА ДИВОГРАДБА!

Станува збор за објект кој се градеше бесправно, а во моментот на интервенцијата беше во приземје – карабина фаза.

И покрај издадено решение од градежен инспектор, стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот продолжил со градежни активности, со што директно го прекрши Законот.

Акцијата започна во 05:00 часот наутро, по претходна координација со МВР и фирмата задолжена за рушење.

Дополнително, беше спречена изградба на уште два нови објекти, кои беа во почетна фаза – ископани темели, на истата локација, веднаш до објектот што се рушеше.

Во рок од само 7 дена, ова е втора акција за рушење на дивоградба!

Апелирам до сите граѓани: почитувајте го Законот и не започнувајте со градење без соодветно Одобрение од општината.

Компромис со почитување на Законот ниту сум правел, ниту ќе правам!, напиша градоначалникот на Гази Баба.

Back to top button
Close