Уапсен е малолетник во Шуто Оризари – со автомобил направи сообраќајка

Како што информираат од МВР, вчера во 16:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улицата „Индира Ганди“ (општина Шуто Оризари) и сервисна улица која ја поврзува со улица „Вашингтонска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(21) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобил Р.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, додека по извршениот увид, поради сомнение дека ја загрозил безбедноста во сообраќајот и сторил кривично дело по член 297 од Кривичниот законик, по наредба на јавен обвинител, од слобода е лишен малолетникот.

Во присуство на родител и адвокат, со него е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава

Back to top button
Close