Украдена голема количина тутун во Крушево, сопственикот моли за помош

Земјоделец од Крушево објави видеа на кои се гледа како непозати лица му крадат голема количина на тутун кој тој го спремал за продавање.
Човекот вели дека преку ноќ го снемало она што тој со неговото семјество со мака и пот го работеле цела година.
„Минатата година беше најтешката за мене и мојата фамилија – товар што никој друг не може да го почувствува под мојата кожа. Оваа година вложивме сè: мака, здравје, пари и трпение, со надеж дека трудот и надчовечката жртва ќе го покрие ланскиот непребол.
Ова што го гледате на ВИДЕАТА е кражба на голема количина на тутун. Ова е кражба на месеци натчовечки труд, надеж и иднина. Решив да ги објавувам видеата не од омраза, туку за да се разбуди свеста и емпатијата и да се охрабри полицијата што побрзо да ги пронајде сторителите“ пишува земјоделецот.
Тој упати апел доколку некој некој ги препознае лицата, да пријави во полиција.
„Земјоделецот не бара милостина – бара правда и почит за својот труд“ додаде тој.






