Наполи инкасираше 9.5 милиони евра со освојувањето на Суперкупот
pp
Наполи заработи 9,5 милиони евра со освојувањето на Суперкупот на Италија, додека Болоња, која беше поразена во финалето во Ријад, ќе инкасира 6,7 милиони евра, јавија денеска италијанските медиуми.
Воедно, Наполи ќе заработи дополнителни 1,5 милиони евра од пријателскиот натпревар што треба да го одигра против освојувачот на Суперкупот на Саудиска Арабија.
Наполи во понеделникот вечер ја победи Болоња со 2-0 во финалето на италијанскиот Суперкуп, со головите на Давид Нерес во 39. и 57. минута. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде во почетниот состав на Наполи и настапи до 68 минута во финалето во Ријад.
Ова беше втор трофеј за Наполи во календарската година, откако во мај ја обезбеди титулата во италијанското првенство.
Поразените полуфиналисти ви Суперкупот, Милан и Интер, ќе добијат по 2,4 милиони евра, додека преостанатите 16 клубови од Серија А ќе поделат по два милиони евра.
Вкупниот награден фонд за овогодишниот Суперкуп на Италија изнесуваше 23 милиони евра.






