АНАЛИЗА: Намален економски раст, зголемена инфлација , пониска стапка на вработеност, што пишува во ревидираната Фискална стратегија

Владата отстапи од првичните прогнози за економијата – растот на БДП ќе биде понизок и годинава и следната година, инфлацијата повисока, трговскиот дефицит ќе се продлабочува. Ревидираната Фискална стратегија 2026-2030 носи нови проекции за следните години пишува Порталб. Овој документ, кој е дел од буџетскиот пакет, ги постапува таргетите на економијата според кои треба да се водат економските политики.

Годинава и во 2026 та – економски раст под 4%, инфлација од 3,9% до 2,5%…

Годинава, која веќе е на истек, ќе заврши со економски раст за 3,5%, пониска стапка во однос на претходно планираната, на ниво од 3,7%. Во надолна линија е корегирана стапката на раст и за  следната година од 4% на 3,8%.

Првични прогнози                 Ревидирани прогнози

Раст на БДП -2025                     3,7%                                            3,5%

Раст на БДП -2026                     4,0%                                            3,8%

Инфлација -2025                        2,8%                                            3,9%

Инфлација -2026                        2,0%                                            2,5%

Извор: Ревидирана Фискална стратегија

Додека економскиот раст се ревидира во надолна линија, инфлацијата ќе биде повисока, годинава ќе завршиме со 3,9% инфлација што е значајно повисоко ниво во однос на проекцијата од 2,8%. Следната година не очекува инфлација од 2,5% што е исто така повисок ниво во однос на проекцијата за инфлација од 2%.

“Растот на економијата се очекува да биде придвижен од домашната побарувачка, при позитивен придонес и од потрошувачката и од инвестициите додека пак нето-извозот се очекува да има негативен придонес. Отстапувања за 2025 та има и кај стапката на инфлација којашто е нагорно ревидирана, а нагорно ревидирана е и стапката на инфлација за 2026 та додека очекуваните стапки во среднорочниот период 2027-2030 остануваат исти” – се наведува во Ревидираната Фискална стратегија 2026-2030.

Во нагорна линија се корегирани проценките за висината на платите и невработеноста – па така годинава номиналниот пораст на нето-платата ќе биде 10% додека следната ова темпо ќе забави на 6,5%. Стапката на невработеноста минимално се подобрува, од 11,2% годинава на 10,1% следната година додека стапката на вработеност годинава ќе изнесува 46,6% што е пониска во однос на првично проектираната од 47%. Следната година просечната стапка на вработеност ќе изнесува 47,3%.  Позначајни отстапувања има кај салдото на тековната сметка, односно трговскиот дефицит. Годинава минусот ќе изнесува 4% што е скоро двојно повеќе од првичната прогноза од 2,2%. Следната година дефицитот на тековната сметка ќе изнесува 3,8% за разлика од првичната прогноза од 2,1%.

Првични прогнози                 Ревидирани прогнози

Трговски дефицит -2025                   2,2%                                            4,0%

Трговски дефицит -2026                   2,1%                                            3,8%

Извор: Ревидирана Фискална стратегија

Нови заеми и даночна политика …

На почетокот на следната година се очекува нов Еврообврзница, како што најавија од Владата, во износ од 950 милиони евра. Следната година буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 3,5%. Министерството најавува заеми на домашен и на странскиот пазар, дополнително од најавената Еврообврзница.

“Задолжувањето на домашен пазар ќе се реализира преку издавање државни хартии од вредност или домашни заеми. Министерството ќе продолжи да издава државни обврзници со подолги рочности при што ќе се намали ризикот од рефинансирање на долгот” – се наведува во буџетскиот документ.

Промена во даночната политика во 2026 та  не се навестува , но во однос на досегашни проценки за буџетските приходи од даноци има корекција, па така вкупните даночни приходи се зголемени за 1%, намалување за дури 18,9% има на ставката  “други даночни приходи” а за 0,4% се намалува и прогнозата за приливи по основ на ДДВ. Од друга страна државата очекува зголемување на приходите од данок на добивка, данок на личен доход, акцизи.

Буџетот за 2026 та веќе е усвоен во Собранието а во собраниска процедура веќе е и новата, ревидирана Фискална стратегија 2026-2030 та.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close