Домашни миленици: Трикови за дом без мирис

Сопствениците на домашни миленици знаат дека покрај радоста и дружењето со кучињата и мачките, честопати се појавуваат и одредени предизвици, меѓу кои и специфичните мириси. Таквите непријатни мириси најчесто се впиваат во ткаенините и мебелот, што се препорачува да се отстранат за да се зачува чистата и свежа средина во домот. Еден од наједноставните и најефикасни начини за нивно отстранување е употребата на сода бикарбона.

Уште една ефикасна и едноставна постапка е и редовното усисување бидејќи влакната од милениците се чест извор на непријатни мириси. Експертите препорачуваат користење правосмукалки со силна вшмукувачка моќ и специјални додатоци за ткаенини. По чистењето, може да се користат и освежувачи за текстил, кои дополнително ги неутрализираат мирисите.

Покрај домашните решенија, на пазарот постојат и специјализирани производи, таканаречени „елиминатори“ на мириси. Тие се наменети за ткаенини и за тврди површини, а нивната улога е разградување на органските мириси, наместо нивно прикривање. Со редовна нега на вашето милениче, а истовремено и добра хигиена, ќе го зачувате вашето здравје, како и удобноста во вашиот дом.

Back to top button
Close