„Обвинението е конструкција на која би позавидел и Џорџ Орвел“ – Нацев појасни каде бил кога горел „Пулс“ и зошто не е виновен!

По воведниот говор на неговата одбрана, пред судот се обрати и Александар Нацев. Во емотивен и остар говор, тој ги отфрли сите обвинувања дека е реален сопственик на агенцијата „Рубикон“ и ја обвини државата за префрлање на вината врз него со цел да се скрие одговорноста на институциите, пренесе 4њуз.

Нацев го започна своето обраќање нагласувајќи дека подолг период бил цел на политизирани клевети и навреди, при што постојано била рушена презумпцијата на неговата невиност во јавноста.

Според Нацев, обвинението претставува „брутално силување“ на Законот за приватно обезбедување. Тој тврди дека одредени законски одредби се малициозно толкувани само за да ја поткрепат теоријата на Обвинителството.

„Пренасочувањето на одговорноста која ја имаат државните органи задолжени за превенција, надзор и контрола кон припадниците на обезбедувањето е само уште еден чекор за префрлање на вината“, изјави Нацев пред судот.

повеќе

Back to top button
Close