ФОТО: Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија!

Имено, во текот на ноќта 24/25.12.2025, по преземени мерки и активности во координација со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија на Граничниот премин „Капитан Андреево” извршен е претрес на товарно возило „Волво“ со македонски национални ознаки, при што во товарниот простор се пронајдени и одземени три пушки, 20 пиштоли и 5750 куршуми.
По целосно документирање на случајот и утврдување на сите инволвирани лица во случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.





