Во Вардар е пронајден починат 71-годишниот скопјанец Петар Стојановски
МВР информира дека вчера околу 14:20 часот е пријавено дека е забележано и извлечено тело на машко лице од реката Вардар кај скопско Трубарево. По извршената идентификација било утврдено дека станува збор за П.С.(71) од Скопје, за кого на 23 декември семејството пријавило дека се оддалечил од домот.
![]()
На местото е извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.
Синот на Петар, Владимир Стојановски, на социјалните мрежи побара помош од граѓаните. Тој наведе дека татко му излегол од дома рано наутро, облечен само во пижами, и дека боледувал од деменција.
„Татко ми е исчезнат рано утрово, нешто околу 6:30 часот. Излезен е од дома најверојатно само по пижами и е со деменција… Ве молам споделете“, напиша Стојановски.
Граѓаните се вклучија во потрагата, но епилогот беше трагичен. Денеска синот ја објави тажната вест.
„Сакам да ве известам дека татко ми е пронајден. Нека му е лесна земјата. Немаме зборови да опишеме колку сме ви благодарни за целата грижа, поддршката и споделувањето. Останете убави и добри луѓе“, напиша Владимир Стојановски






