СДСМ: Саша Богдановиќ ја продаде партијата и Македонија за пари
Од СДСМ денеска го обвинија екс градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ дека ја продал партијата, како и Македонија за пари.

„Поранешен член на СДСМ кој најпрво ја предаде партијата за пари, а потоа и Македонија за пари, сега си зема за право некого да таргетира и да го нарекува Усташ.
Човек кој припаѓа на коалицијата ВМРО Ванчовистичка – ЗНАМ, луѓе кои во Собранието ја изгласаа Резолуцијата за забрана на говорот по урнекот на Декретот од Третиот Рајх. Кога веќе ги спомнува усташите, нека прочита малку и кој соработувал со НДХ.
Зошто Саша Богдановиќ го прави ова?
Прво, затоа што е избран како Србин да ја пренесе оваа порака. Каде подобро од Србин да ги „брани“ Србите. Од кого ги брани? Кој ги напаѓа Србите?
Во извештајот на Европската комисија се спомнува „српски свет“, при што токму се мисли на влијанието на Вучиќ и СНС преку нивните сателити во ВМРО Ванчовистичка и ЗНАМ а не на Србите. Еден од тие сателити е Саша Богдановиќ.
Токму ова е дел од copy-paste валканата кампања на Вучиќ во Србија, која тој по налог ја пренесува и во Македонија.
Вучиќ веќе една година ги нарекува студентите, децата во училиштата, нивните родители, сите слободни и мислечки граѓани на Србија — Усташи.
Саша Богдановиќ мора да сфати дека Српската напредна странка не е Србија, ниту пак Вучиќ е единствениот Србин. Србија се нејзините граѓани, а не банда криминалци со кои тој и ВМРО Ванчовистичка соработуваат.
За крај, ние ги сакаме Србите, како што ги сакаме и сите наши други сограѓани — тоа им е јасно на сите. Но, не можеме да ги сакаме криминалците и предавниците на сопствениот народ.
За нив знаеме каде им е местото!
Сите ќе одговарате!“, велат од СДСМ.






