Мирот како заборавена цивилизациска вредност

Трифун Костовски

Историјата што одбиваме да ја научиме

Во предвечерието на новогодишните и божиќни празници, целиот свет празнува со длабоки желби и верба дека идната 2026та година ќе биде подобра, побогата, попросперитетна и поубава за секој поединец.

За секој чесен жител на Земјината топка, мирот на светско ниво е најголемиот приоритет.

Ние, обичните граѓани сме жртви на одредени структури од повеќе или помалку развиени демократски општества и држави, каде интересот е приоритет во споредба со мирот – најпосакуваното чувство за спокој на секој граѓанин.

Единствениот начин мирот да завладее низ целиот свет се силно развиени образование и култура, првенствено креирани од политичките елити кои ја водат државата.

За жал, како во минатото така и денес, возвишените идеали се губат во стихијноста на интересот.

Војната во Украина можеби е почеток за создавање на една нова Трета светска војна. Светот за ова воено жариште е целосно поделен. Ваквиот поделен свет интензивно го прилагодува својот годишен буџет за воени потреби, а воените потреби се себе уништувачки. Ќе се пролева крв, девастираат или уништуваат цивилизациските вредности без кои тешко можеме да живееме.

Европски земји биле иницијатори за изминатите две светски војни. Дали е на повидок и третата светска војна, каде повторно Европските земји ќе бидат иницијатори?

Со доаѓањето на старо-новиот претседател на САД, Доналд Трамп, на чело на американската администрација се очекуваше дека војната во Украина ќе заврши многу брзо. Прв пат во историјата на НАТО алијансата се направи раскол помеѓу ЕУ заедницата (заедно со Велика Британија) и Соединетите Американски Држави. Каде е генезата на ваквиот раскол?

Толку посакуваниот мир во Украина и на целиот Европски континент, беше приоритет во агендата на господинот Трамп.

За жал, ваквата иницијатива на господинот Трамп е тешко прифатлива за најсилните членки во Европската Унија, а тоа се Германија и Франција.

Господинот Трамп ги презема сите мерки за завршување на војната во Украина. Најнапред директно разговараше со Претседателот на Руската Федерација, господинот Путин и воведе дијалог меѓу дипломатијата на овие две земји.

Европската дипломатија е замрзната за било какви дипломатски преговори со Руската дипломатија.

Европа, како колевка на демократијата во дипломатијата, го користи ригидниот молк, што претставува крајно ирационално планирање на траен мир во Украина и цела Европа.

Историјата како наука сведочи за многу нешта кои денес ни се повторуваат во нашето секојдневие.

Најсилните европски држави како Велика Британија, Франција, Шпанија имале свои колонии насекаде низ светот, ама не и на Европскиот континент, со исклучок на Велика Британија која и денес има свои стратешки позиции низ Медитеранот.

Првенственo Германија, а следователно после нејзе и Франција, историски гледано истокот на Европскиот континент и зад Кавкаскиот простор го гледале како инспирација за освојување и нивно припојување.

Дали се работи за светска неправда? Руската федерација контролира повеќе од ½ од светската мапа на земјени територии, а е со толку мала населеност на овие простори.

За опстанокот на човекот и неговиот развој секако копното претставува приоритет во неговите потреби за опстанок, развој и иднина.

Ако немаш земја – немаш храна, а ако немаш земја немаш ни суровини без кои не постои ниту една функционална индустрија. Дали се работи за нафта, обоена металургија, црна металургија или високо потребни неметали за најновите технолошки достигнувања, неопходно е да се поседува територија.

Најболното прашање во сиот овој контекст е зошто војната мора да биде повод кога се работи за взаемен светски просперитет.

Денешните граници во светот меѓу државите се остатоци од некои минати времиња. Освоените територии преку војна се крвави потези за напредок на човештвото.

Жално е што денес повторно се загрева оружјето во Европа и се отвораат нови воени капацитети на целиот континент за производство на оружје, во основа наменето против човекот. Која е целта?

Дали оружјето кое масовно се произведува меѓу водечките велесили низ светот е начинот на креирање иднина.

Дали треба да избие и Трета светска војна за да се задоволат апетитите на некои европски велесили, кои очигледно од историјата не научиле дека војната не носи иднина, туку напротив носи жртви и крвопролевање со длабока всадена омраза помеѓу завојуваните страни и нивните жители.

Се надевам дека администрацијата на господинот Трамп сериозно ќе се посвети на овој европски проблем да ги амортизира сите можни последици по мирот низ целиот свет.

Денешниот политички естаблишмент на ЕУ, Сојузна Република Германија и Франција , не ми дава гаранција дека го посакуваат мирот час поскоро.

Се одзема имот од една силна држава, денешен нивен непријател, за да се финансира војната во Украина, мислејќи дека со тоа ќе постигнат успех во нивните намери. Не се свесни дека нивниот непријател исто така ќе возврати на начин кој директно ќе ја погоди ЕУ заедницата, а индиректно и нас граѓаните на светската мапа.

Заробени финансиски средства се туркаат во војна за воени цели. Сметам дека, ако веќе сакаш да го казниш непријателот, одземи му ги средствата, ама употреби ги за добротворни цели на целата светска заедница на која денес и недостасуваат многу нешта за да има достоинствен и убав живот. Кога еднаш ќе разбереме дека во ниту една војна вистинскиот победник не е победник, туку сите сме губитници! Пировата победа за само еден временски период е крвава трага во историјата.

Дали во денешна Европа сѐ уште живеат духовите на Наполеон и Хитлер? Времето ќе покаже…

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close