Герасимовски воведува „Центарска картичка“
„Центарска картичка“, со која се зголемува поддршкате за пензионерите и семејствата, ќе се воведе во општина центар, а со неа ќе се добиваат попусти во театрки, музеи, козметички самони, галерии, здравство, но и при купување велосипеди, мода, храна и друго.

„Воведуваме центарска картичка како дополнителна услуга за жителите на Општина Центар, но и како директна поддршка и промоција на локалниот бизнис-сектор. Со оваа картичка граѓаните ќе добиваат попусти и поволности на одредени производи и услуги“, истакна Герасимовски во Дневникот на Сител, најавувајќи низа мерки за подобрување на животниот стандард наредната година.
Картичката е планирано да биде електронска и уникатна за секој жител, со сопствен бар-код, и ќе можат да ја користат исклучиво жители на Центар, додека бенефициите ќе важат само кај правни субјекти регистрирани во општината.
Со картичката ќе можат да се добијат попусти во институции, како што се театри, музеи, галерии, локални бизниси од здравство, фармација, козметика, фитнес, правни услуги, угостителство, мода, велосипеди, храна и други, за граѓаните да добијат конкретни поволности за своите потреби.
Постапката за воведување се планира да започне во средината на јануари или почетокот на февруари, а пуштањето во употреба се очекува во март.






