Беким Сали седна во фотелјата на Муртезани
Во Министерството за европски прашања денеска беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања, по вчерашната одлука на Собранието, со што Беким Сали ја презеде должноста од досегашниот министер Орхан Муртезани.

Како што информираат од Министерството за европски прашања, на средбата во рамки на примопредавањето бил направен осврт на тековните активности и утврдените приоритети од европската агенда.
Муртезани му посакал успешен мандат на својот наследник, додека новиот министер за европски прашања Сали ја нагласил својата определба за продолжување на реформските процеси и натамошно унапредување на европскиот пат на државата






