Манчестер Сити тргнува по нов играч од средниот ред


Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола и неговиот тим веќе имаат за цел во летниот преоден рок да донесат играч од средина на теренот. Според британските медиуми фудбалерот на Брајтон, Карлос Балеба (21 година).

Балеба е еден од клучните играчи на неговиот тим, а Гвардиола со негов ангажман планира да добие „длабочина“ во својот тим пред сè во средниот ред.

Балеба во Брајтон дојде од Лил, а неговиот квалитет е транзицијата од одбрана во напад. Воедно и неговиот сегашен клуб Брајтон е познат по тоа што знае да пронајде талентиран фудбалер, а потоа и да го продаде.

Back to top button
Close