Инсиње пред враќање во Серија А


Поранешниот италијански репрезентативец Лоренцо Инсиње (34), чиј договор со МЛС лигашот Торонто истече, би можел да потпише за Лацио во зимскиот преоден рок, јавија денеска италијанските медиуми.
Според истите извори, Лацио е подготвен да му понуди шестмесечен договор на Инсиње со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Најавите за негово доаѓање во Лацио е поткрепено со фактот дека повторно би соработувал со тренерот Маурицио Сари, откако Инсиње ги одигра најдобрите натпревари во својата кариера додека Сари му беше тренер во Наполи.
Инсиње играше за Наполи осум сезони, а во летото 2022 година замина во МЛС лигата, потпишувајќи за Торонто.
Последниот настап за италијанската репрезентација го имаше во март 2022 година.

Back to top button
Close