(Видео) Маж во Белград нападнал баба со нож пред нејзиниот внук во зграда

Министерството за внатрешни работи на Србија објави фотографија од мажот по кого се трага, откако со нож избодел жена во ходник на зграда на Булеварот „Арсенија Чарнојевиќ“ во Нов Белград.

Нападот се случил вчера околу 13:15 часот во ходникот на зграда во Блок 37 на Нов Белград, кога мажот од фотографијата ѝ нанел повеќе повреди со остар предмет на жена (67), по што ѝ ја одзел чантата и побегнал во непознат правец.

На снимката се гледа како повозрасна жена со дете влегува во ходникот на зградата, а набргу зад нив се појавува напаѓачот. Се гледа и моментот кога напаѓачот одзади ја напаѓа жената додека се качува по скалите. Сè се случува пред мало дете, а српските медиуми пишуваат дека станува збор за внукот на нападнатата жена.

Жената за време на нападот се здобила со бројни убодни рани, меѓу другото, напаѓачот ја прободел со остар предмет во главата и во бутната коска. Исто така, ѝ е констатиран пневмоторакс. Таа моментално се наоѓа на интензивна нега во Клиничко-болничкиот центар, а лекарите ја следат нејзината состојба.

Извор: 4news.mk

Back to top button
Close