Од силен ветер падна парче лим од покрив на зграда во центарот на Куманово

Од силниот ветер, претпладнево падна дел од покрив на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово. Покривот падна од зграда, лоцирана во близина на крстосницата на улицата „Гоце Делчев“ и булеварот „Трета Македонска ударна бригада“.

Од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираа дека ги известиле општината и полицијата.

Сообраќајот го регулира СВР Куманово, додека екипи на „Чистота и зеленило“ ги отстрануваат парчињата од лимениот покрив.

– Со наша механизација се расчистува лимениот покрив, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Томиќ.

Back to top button
Close