Папата Лав Четиринаесетти повика на молитва за Украина и Газа и зачувување на христијанските вредности

Папата Лав Четиринаесетти денеска од прозорец на Апостолската палата во Ватикан ги повика верниците кои беа собрани на плоштадот „Свети Петар“ да се молат за луѓето кои се погодени од насилството на војната.
Во своето обраќање, Светиот Отец стави посебен акцент на конфликтот во Украина и кревкото примирје во Газа.
– Се молиме за семејствата во војна, за децата, старите лица и најранливите. За жал, светот секогаш има свои митови за успех по секоја цена. Митови за бескрупулозна моќ, чија цена е осаменост, очај, поделба и конфликт. Да не дозволиме овие илузии да го изгаснат пламенот на љубовта во христијанските семејства. Да ги негуваме вредностите на Евангелието – молитвата, честото примање на светите тајни, искрениот дијалог и верноста, порача папата Лав Четиринаесетти.






