Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари
Почнувајќи од 1 јануари 2026 година, во Холандија ќе стапат во сила повеќе од 80 нови закони и прописи што ќе влијаат на секојдневниот живот, буџетите на домаќинствата, домувањето, поседувањето домашни миленици, потрошувачката на електрична енергија и оданочувањето. Тука е вклучувена и забраната за чување мачки без влакна, поради здравствени опасности.

Мачките родени и микрочипирани пред 1 јануари можат да останат во домаќинствата, но не можат да учествуваат во изложби или во програми за размножување.
Аналогните броила, исто така, ќе бидат забранети – мора да бидат заменети со дигитални или паметни броила, способни да го следат производството и испораката на енергија од соларни панели. Поголемите потрошувачи на вода, пак, ќе се соочат со повисоки даноци за да се поттикне заштедата на енергија.
Минималната плата за вработените со возраст од над 21 година, в година ќе биде 14,71 евра на час, а социјалните придобивки за самохрани корисници, на пр., ќе се зголемат од 1.527 евра на 1.558 евра месечно. Правото на субвенции за кирија, коешто претходно беше ограничено на социјални станови со максимална кирија од 900 евра или 477 евра за млади станари, ќе биде продолжено, а станарите ќе имаат право на целосни субвенции со навршени 21 година, наместо со 23 години.
Исто така, плаќањата во готово над 2.999 евра ќе бидат забранети во кој било бизнис.
Родителите на деца мора веднаш да пријават сериозни инциденти, во коишто се вклучени деца, во Службата за јавно здравје. Според новите прописи, и за рекреативниот морски риболов ќе треба регистрација на податоци во апликацијата „Рек-фишинг“ за целата Европска Унија, почнувајќи од 10 јануари.






