Наставниците од март следната година ќе добијат покачување на платите

Министерката за образование Весна Јаневска на денешниот брифинг со новинарите најави дека од март следната година наставниците ќе го добијат договореното покачување на платите. Зголемувањето ќе изнесува меѓу 7,5 и 10 проценти, во зависност од пресметките.

– Ова е мотив за наставниците. Она што досега не беше реализирано, ние го постигнавме. Дополнителен стимул за нив е и кариерното натпреварување. Горда сум на успехот кој го постигнавме, што беше забележано и во извештајот на Европската комисија – рече Јаневска.

Министерката исто така информираше дека годинава ќе се одржат два вида на државна матура. Во стручните училишта, прашањата ќе бидат прилагодени на материјалот што учениците го изучувале, додека државната матура за гимназиските училишта ќе остане со истите критериуми како и претходно.

Учениците од средните стручно-образовни училишта ќе имаат можност да полагаат и државна матура дури и ако не планираат да продолжат на факултет во својата струка

Back to top button
Close