Обвинет инспектор со скандалозен напад кон мајка на дете починато во Пулс: Детето требало да биде дома

Родителите кои беа дојдени да го слушаат сведочењето на мајките чии деца загинаа, зовреа кога еден од обвинетите ѝ рече на мајката на Надица дека таа треба да седи на обвинителна клупа, пренесе Слободен печат.

Обвинетиот Огњан Георгиев, кој е градежен инспектор, ја праша мајката Габриела Наунова дали го видела некогаш во „Пулс“.

По реакцијата на родителите, Георгиев реагираше и рече:„Ние предвреме ли сме осудени. Ајде стрелајте нè”.

Потоа ѝ се обрати на Наунова: „Па може и ти тука требало да бидеш. Детето требало да биде дома“ – ѝ рече Георгиев на мајката.

Родителите бурно реагираа: „и дете од една година може да оди на концерт.

Повеќе

Back to top button
Close