Зеленски: Од Трамп побарав гаранции за Украина во траење до 50 години

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска, по вчерашната средба со американскиот колега Доналд Трамп, изјави дела во мировниот план остануваат нерешени две прашања – за териториите и за нуклеарната електрана Запорожје.

Остануваат две прашања: како ќе функционира нуклеарната централа Запорожје и прашањето за териториите. Ова се двете прашања што остануваат во документот од 20 точки. Затоа реков дека планот е 90 проценти готов, бидејќи нема договор за двете точки, посочи Зеленски.

Претходно тој наведе дека мировниот план предвидува американски безбедносни гаранции за Украина за период од 15 години, но оти тој побарал од Трамп безбедносни гаранции за период до 50 години.

Во меѓувреме, Кремљ соопшти дека ако Украина сака мир треба да ги повлече своите војници од делови на Донбас, ако не се постигне мир ќе изгуби уште повеќе територија.

Следните денови предвидена е средба во Украина на советниците за национална безбедност од Киев, од Вашингтон и од европските земји. Потоа се очекува состанок со европските лидери, а средба со руски претставници е можна откако Трамп и европските лидери ќе се согласат за мировниот план.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков планирано е Путин и Трамп да имаат уште еден телефонски разговор, по вчерашниот разговор пред средбата на американскиот и украинскиот претседател на имотот на Трамп, Мар-а-Лаго во Флорида.

Песков демантираше дека е планиран телефонски разговор Путин – Зеленски.

 

Back to top button
Close