ВИДЕО: Силна експлозија пред училиште во Загреб
Според сведоци, се слушнале две експлозии, а една од жителките изјавила дека од силниот удар се треселе прозорците.
Од загрепската противпожарна служба соопштиле дека во 22:56 часот добиле пријава за пожар на игралиштето на Основното училиште „Јулије Кловиќ“, предизвикан од пиротехничка направа, кој бил изгаснат по нивното пристигнување.







