На цистерна со гас, со македонски регистарски таблички, избувнал пожар на патот Елбасан – Пеќин

На патниот правец Елбасан-Пеќин во Албанија, на цистерна со гас со македонски регистарски ознаки, избувнал пожар, но за среќа без поголеми последици.

– Инцидентот е регистриран вчера попладне кога поради технички дефект избувнал пожар во гума на возило цистерна, управувано од македонскиот државјанин И.П.(33). Како последица на тоа, оштетена се само гумите на возилото, стои во полициското соопштение.

Се додава дека за среќа немало експлозија бидејќи последиците можеле да бидат трагични.

На местото на настанот веднаш пристригнало и противпожарно возило.

Back to top button
Close