Џошуа во стабилна состојба по сообраќајната несреќа во Нигерија

Британскиот боксер Ентони Џошуа е во стабилна состојба откако беше повреден во сообраќајна несреќа во Нигерија во која загинаа две лица.
„По спроведените детални клинички испитувања, медицинските експерти потврдија дека двајцата пациенти (хоспитализирани по несреќата) се стабилни и во моментов немаат потреба од итна медицинска интервенција“, изјавија официјални лица.
Промоторската куќа на Џошуа, „Мечрум Боксинг“ објави дека двајцата мажи кои починаа во несреќата биле блиски пријатели и членови на тимот на поранешниот светски шампион, Сина Гами и Латиф Ајоделе.
Сообраќајната несреќа се случи во понеделникот кога возилото во кое се наоѓал Џошуа удрило во паркиран камион на автопат во сојузната држава Огун, во близина на главниот град Лагос.






