Најавено ново линеарно покачување на пензиите во април
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека Владата продолжува со политиката на линеарно зголемување на пензиите, така што следното покачување пензионерите ќе го добијат во април, со исплатата на мартовската пензија.

-Ќе има повторно линеарно зголемување. Последните статистички параметри за нивото на сиромаштија и Џини коефициентот само дополнително ја оправдуваат оваа политика – истакна Мицкоски.
Тој потсети на динамиката на зголемувањата – по 2.500 денари во ноември 2024 и април 2025, како и 1.000 денари во ноември 2025 година.
-Така ќе биде и сега во април за мартовската пензија во 2026 година. Сакаме да го намалиме нивото на сиромаштија и Џини коефициентот, кој подразбира нерамномерна распределба на приходите. Во тој поглед сме најдобри во регионот и над европскиот просек – додаде премиерот






