Сиљановска очекува да се направи исчекор кон ЕУ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова очекува земјава годинава да продолжи да се развива, да го продолжи реформскиот процес во повеќе области за да се избегнат системските слабости, да се работи на владеењето на правото, но и на вложувањето во образованието, науката и културата, во кои, како што вели, можеме да бидеме поголеми од најголемите.

Посакува Македонија конечно да направи исчекор, кон, како што истакнува, нашата природна дестинација Европската Унија, и смета и дека нашата состојба и нашето однесување ќе зависат и од состојбите на меѓународен план.
-Посакувам да бидеме разбрани, да си ја оствариме природата желба, ако сме можеле историски културно да бидеме, не можеме да ја смениме географијата, може ја облагодариме, да размислуваме регионално и европски, да бидеме дел од Европа.
Логично е дека ЕУ ќе биде Европа тогаш кога и оние кои се таму навистина одвнатре учат демократија и јас се надевам дека ќе направиме исчекор кон оваа природна дестинација – рече претседателката во одговор на новинарско прашање за нејзините очекувања за 2026 година и за нејзиното видување за најголемите политички предизвици






