Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на локација во Старата скопска чаршија каде еден турски државјанин бил убиен, а еден повреден. Издадени се и наредби за прибирање докази.

– Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на локација во Старата скопска чаршија каде околу 1 часот по полноќ беа пронајдени двајца турски државјани со повреди од остар предмет, од кои едниот малку подоцна почина. Издадени се итни наредби за обезбедување докази и МВР постапува за откривање на сторител на кривично дело и расчистување на настанот, се вели во соопштението од Обвинителството.
Претходно, денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со убиениот турски државјанин, кажа дека во инцидентот е тешко телесно повредено уште едно лице и оти двајцата добиле повреди од остар нож.
– Имаме осомничено лице, во интерес на истрагата не би можел да отворам повеќе детали. Моментално лицето е во бегство. Станува збор за поголем број учесници во вчерашниот кривично-правен настан и според информациите што ги имам досега – сите се странски државјани, рече Тошковски






