(ВИДЕО) 17-годишник пука со пиштол во бар во Гостивар

Вознемирувачка видеоснимка кружи на социјалните мрежи која прикажува момент на пукање во бар во Гостивар, при што јасно се слушаат четири истрели.

Инцидентот се случил синоќа, а според неофицијалните информации, во објектот имало повеќе гости, со што била сериозно загрозена општата безбедност.

Како што се наведува, осомничен е 17-годишник со германски пасош, кој се товари за загрозување на општата безбедност и нелегално поседување оружје. И покрај сериозноста на настанот, јавниот обвинител не побарал определување мерка притвор за малолетникот.

Видеото може да го погледнете на Pa Censure

facebook

Back to top button
Close