Мицкоски за еднократната помош за семејствата во Кочани: „Избегнувам јавно да зборувам, темата се злоупотребува од политички глодари“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кочани порача дека избегнува да говори јавно на темата околу евентуална еднократна парична помош за семејствата на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“.

-Секогаш избегнувам да зборувам јавно бидејќи гледам дека одредени политички структури и блиски до одредени политички глодари се обидуваат таа тема да ја злоупотребуваат и да добиваат политички поени на маката на ожалостените семејства. Се што имам да кажам, јас го кажувам на тие состаноци со родителите и Здружението. Се појавив на Анкетната комисија, иако знаете дека имаше многу шпекулации и има многу шпекулации во јавноста за еден од тие состаноци со родителите. Можам да кажам дека дел од работите што се кажуваат во јавноста не се вистинити, кажа Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.
Едно од прашањата поставени од „Здружението на граѓаните 16-ти март 2025“ е до каде е постапката за институционална еднократка парична помош.






