Сабаленка се пласира во третото коло на турнирот во Бризбејн

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја победи Шпанката Кристина Букша со 6:0 и 6:1 во меч од второто коло на турнирот во Бризбејн.

Дваесет и седумгодишната Сабаленка сервираше четири аса, не направи двојни грешки и реализираше пет од своите шест брејк топки. Нејзината 28-годишна противничка, рангирана број 50 во светот, не сервираше аса и направи една двојна грешка.

Во третото коло, првиот светски рекет ќе се соочи со Сорана Кирстеа (Романија) која утринава ја совлада Јелена Остапенко (Летонија) со 6:2 и 7:6.

WTA Бризбејн Интернешнл се игра за награден фонд од 1,2 милиони долари.

Back to top button
Close