Села во „Клик Плус“: Народен правобранител не може да биде Насер Зибери, таа позиција треба да е наменета за опозицијата

После информациите кои денеска се проширија, дека на Насер Зибери ќе му припадне позицијата народен правобранител, за ова коментираше Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците.

– Реклама –

Тој во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека не е можно Зибери да биде народен правобранител, бидејќи таа позиција треба да биде наменета за опозицијата.

Зибери, според информациите, треба да го замени Иџет Мемеди, кому во декември му истекува мандатот на таа позиција. Но, Села има поинакво мислење околу сето тоа.

Back to top button
Close